Подготовката е едноставна, а воедно ова е еден начин како да го искористите печеното или пржено пилешко кое ви останало, за да направите вкусна вечера или доручек..... е да и калорична.

1. Сите лепчиња од едната страна се мачкаат со песто од сушени домати.
2. Потоа врз една половина од лепчињата се става тенко исечени парчиња пилешки гради па потоа парченца моцарела.
3. Се преклопува со другата половина од лепчињата и се притиска малку за да се залепат.
4. Сендвичите се панираат во изматени јајца, па во презла и се пржат во врело масло.

Место песто можете да намачкате ајвар, испробано и така е вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани