Преубави, крцкави кајзерици.
Пробајте ги.
Прво квасецот со шеќерот се става во малку вода да се активира.
Потоа се замесува тесто од сите состојки и се остава на топло да кисни околу еден час.по потреба се додава брашно за средно тесто.
Се дели на 20-25 топчиња.
Секое се расукува во долга коричка, се засекува на три четири места како на сликата и се витка дијагонално.
Од добиената долга форма се прави кајзерица, се спојуваат двата краја, а во средината нека има дупче.
Се редат во плех.
На оган се става млекото да се стопли и му се додава содата.
Mлекото ќе направи убава пена од содата.
Со четка премачкајте ги кајзериците.
Се печат 25 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани