Здраво, посно, веган и речси сурово =))
Пилиштарциве го сркаа директ од садот, очигледно мачкање е за аматери =))
Од оние Сам си го смислив репцети, моите најомилени :)

Од урмите извадете ги семките(ако ги имаат), ставете ги во сад и потопете ги со вода. Доколку користите суви урми, водата нека биде околу два прста над урмите. Сувите урми впиваат повеќе вода. Водата што ќе остане, не ја фрлајте, може да ви притреба за во рецептот. Нека постојат барем 3-4 час, а ако се сув најдобро преку ноќ.
Лешниците потпечете ги непосредно пред користење. Пожелно е да се топли кога ќе се блендираат.

Сите сосотојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не ја добиете посакуваната текстура.
Количината е голема, прилагодете ја на вашиот блендер. Нашито блендер е со чашка од 2 литри, оваа количина беше супер.
Блендирајте 1-2 мин, одморете го блендерот и повторно блендирајте. Смесата е густа, ќе биде тешко за блендирање. Додадете ја и водата што останала од урмите за да го олесните блендирањето.
Какаото можете да го зголемите на количина или додавајте го малку по малку во паузите и на тој начин одредете ја количината.

Нам ни беше добро на вкус, но доколку не ви е благо, додадете засладувач по желба.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани