Подготовка на 1 и 3 пандишпан.
Белките изматете ги со шеќерот во цврст снег. Измешајте го брашното, оревите, лешниците, пецивото и додајте ги во изматените белки. Додајте го маслото и со голема лажица измешајте ги да се изедначат. Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет плех (34х27) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Истата постапка повторете ја и со другиот пандишпан.

Подготовка на 2 пандишпан
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Јајцата изматете ги со водата и шеќерот да постанат кремасти. Додајте го путерот и повторно изматете. Имешајте го брашното, нишестето, пецивото и додајте ги во смета од јајца. Мешајте со голема лажица да се изедначат.
Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех (34х27) и печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин.
Подготовка на филот.
Пудинзите растворете ги со малку млеко и шеќер, а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додајте го пудингот и мешајте да се згусти. Покриен оставете го да олади.
Жолчките малку разматете ги и ставете ги да се варат на пареа со повремено мешање да се згустат. Потоа оставете ги да оладат.
Путерот изматете го со пудингот и додајте ги жолчките. Продолжите со матењето убаво да се изедначат.
Филот поделете го на два дела. Во едниот дел додајте стопена бела и оладена чоколада а во другиот стопена и оладена црна чоколада.
Пред да е филовате торта ако мислите дека филот е премногу мек зато што омекнува при работањето ставете го во фрижидер малку да се зацврсти. Така подобро се мачка над пандишпаните.
Филовање на тортата.
На подлога за торта се става првиот пандишпан,се става пола од филот со црна чоколада па пола од филот со бела чоколада. Се става вториот -жолт пандишпан и се прска со екстрактот од рум. Се става другата половина од кафеавит фил па другата половина од жолтиот фил. На крај ставете го третиот пандишпан.
Одозгора тортата украсете ја слатка павлака или со фондан, по ваша желба.
Јас над тортата ставив торта ташна и постапката ќе ја објаснам во наредниот мој рецепт.
Ете, со оваа торта го означивме 18-от роденден на мојата ќерка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани