Еве нешто како летна верзија на баклава со малку поневообичаен фил.

Најпрво се вари пудингот и се покрива со целофан или посипува со шеќер во прав да не фаќа кора и се остава да лади. Изборот на вкус на пудинг можи да е по желба од наведените.

Потоа се спрема шербетот, кој е готов откако ќе изврие само 3 минути. Се трга на стана и тој и се остава исто така да се лади.

За премазот, убаво се матат јајцата со шеќерот и постепено се додава маслото. Со оваа смеса се премачкуваат корите. Спрема дебелината на истите, за еден ролат се потребни 3-4 кори. Од оваа доза излегуваат 3 ролати, така што филот се дели на 3 дела.

Секоја кора се премачкува со премазот. Врз последната кора на почетокот се става од оладениот пудинг фил и се витка ролат. Ролатите се редат во подмачкана тава/плех и одозгора се премачкуваат со масло. Се печат 15 мин на 180Ц.

Печената пудинг баклава се прелива со изладениот предходно подготвен шербет. Се остава неколку часа шербетот да се впие пред служење, при што во меѓувреме се превртува или прелива со лажица и одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани