Значи за сите состојки се користи еден ист, среден филџан за кафе.
Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и убаво со миксер се матат, смесата се додека не побели и не се стопи шеќерот.
Се исклучува миксерот и се додават маслото, млекото, брашното, лешникот и пецивото.
Убаво со шпатула се промешува и се истура смесата во мала ростер тава.
Се печи околу 30 минути на 190 степени, но сепак проверете со чепкалака.
За глазура се соединуваат маргаринот и чоколадото и се истура врз иладениот колач.
Се сече на парчиња и се сервира со кафе, чај, топло чоколадо.

Ова тесто е погодно и за торта, од оваа доза може да се испечат 3 кори во округла тава бр 26.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани