Најлесен начин на подготовка на компот без варење на теглите, виткање во весници или крпи.

Овошјето убаво се мие. Праските се лупат и се сечат на парчиња-кај мене обично на четвртинки или осминки ако се поголеми. Се реди овошјето во тегла до пола и во секоја тегла се наросуваат 4 лажици шеќер. Теглата се дополнува со вода но не до самиот врв туку се остава празен простор од околу 2 прста за да има каде да врие. Се затвараат теглите и се редат во плех па во рерна. Рерната се уклучува да грее прво 20 минути на 30 степени потоа се зголемува на 50 околу 15 минути и на 100 додека зоврие околу 30 минути .Се зголемува до 150 степени и седи така околу 30 минути и потоа се исклучува. Теглите се оставаат во исклучена рерна додека сосема не се оладат.
Овој компот може да се прави и со секое друго овошје-вишњи,сливи,круши...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела