Колбасите посебно ги пржиме и тргаме настрана. Кромидот ситно го сецкаме, пиперките ги сечеме на кругови и компирот исто го лупиме и сечиме на парчиња.
Сите состојки ги ставаме во подлабок сад. Ставаме масло, зачин, сол и црн бибер и ги мешаме со раце. Ги ставаме во тава за печење и врз нив ги редиме испжените колбаси. Го додаваме и маслото во кое се пржеа колбасите и печеме додека да биде готово.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови