Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот, ванилата и прстофат сол.
Матете додека смесата стане пенеста.
Намалете го миксерот на најмала брзина и додајте ги млекото и маслото.
Проматете уште малку.
На крај додајте го брашното измешано со пецивото и какаото.
Измешајте со жица, да не останат грутки.

Во посебен сад убаво измешајте го маскарпонето со шеќерот во прав.

Во калап за куглоф (претходно премачкан со масло) ставете 3/4 од изматената смеса.
Потоа ставете го маскарпонето и на крај остатокот од смесата.

Печете на 180 степени, 40-45 минути.

Испечениот и оладен колач извадете го од калапот и посипете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани