Еве еден колач со малку поинаков и интересен вкус кој го даваат свежите смокви. Подготовката е лесна, само малку време одзема лупењето и сечкањето на смоквите. Тестото е многу сочно и вкусно.

1. Смоквите се мијат, се лупат (подобро е да бидат малку тврди, но не премногу), се сечкаат на кругови 3-4 мм.

2. Во калап со пречник 22-23 см со страници што се вадат, на дното се става хартија за печење и се распоредуваат 1/2 од исчистените смокви.

3. Јајцата со белиот и ванилиниот шеќер се матат убаво 10-15 минути, се додава маслото и јогуртот, и на крај се става брашното со измешаното пециво. Се мати до убаво изедначување на смесата.

4. Дел од смесата се истура врз наредените смокви да ги покрие, се става во загреана рерна на 200 степени и се пече 10 минути. Потоа калапот се вади од рерната и се распоредуваат останатите исечени смокви, се дотура остатокот од смесата. Се пече на 190 степени 20 минути, се става одозгора хартија да не изгори, се пече уште 25-30 минути на 180 степени. Во секој случај, се проверува со чепкалка да не е живо и се допекува ако треба уште малку, зависно од рерната.

5. Штом малку ќе излади, колачот се превртува на чинијата каде ќе стои, се вади хартијата за печење и се остава да се излади убаво.

6. Преливот се подготвува според упатството, односно прашакот за прелив се меша со 2-те лажици шеќер и со 3 лажици вода одземена од 250 мл. Водата се загрева до вриење, се трга настрана и се додава смесата за прелив, се враќа на оган мешајќи до вриење, се лади 1 минута и се распоредува врз изладениот колач.
По 30-тина минути колачот е готов за консумирање.

Бидејќи тестото е многу сочно, ровко и вкусно, може да се направи и со суви смокви или пак со друг вид на овошје по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани