Прво за колачов ви треба маја, ја добивате од пријател и цела недела додавате состојки по следниов редослед.
Понеделник-250гр шеќер, се меша со дрвена или пластична лажица и се замислува среќа
Вторник-250мл млеко се меша
Среда-250гр брашно се меша
Четврток-само се меша
Петок-250гр шеќер, 250мл млеко и 250гр брашно се меша
Сабота-се меша и се дели на 4 еднакви дела
Недела се додаваат сите состојки во едната од четвртините и се пече, останатите 3 четвртини ги давате како маја на пријатели. Смесата цело време се чува во фрижидер или на ладно место.

Колачот се спрема на следниов начин. Јајцата се матат со маслото и брашното со маталка и се додава мајата. Потоа се додаваат останатите состојќи и се пече во калапче за куглов, за леб, во тавче подлабоко, кој како милува во форма, јас го печев во калап за леб. Се пече на 180 степени 40-45 минути, ако е повисок колачот, односно помал калапот повеќе време ќе му треба. Се пробува со чепкалка како оди печењето. Јас додадов ореви, бадеми и брусница, но од личноста од која ја добив мајата јадев со мелени ореви и суво грозје супер беше, а од колешка која доби од друга колешка јадев со бадем и брусница и исто така ми се допадна многу.
Совет! Доколку немате на кого да ја дадете мајата може да си ја смрзнете и да си ја одмрзнете и повторно да си повторите постапката или пак да додадете одма од состојките и да печете. Претходниот пат поделив, но овој пат си ги замрзнав, сакам да го правам и за Божик истиот колач а ако некој е за нека ме побара ќе му дадам маја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови