Во поголем сад со миксер мешајте ги шеќерот и путерот додека не стане пенесто, потоа додајте ги јајцата па брашното и на крај солта. Смесата префрлете ја во калап за печење обложен со хартија за печење, а врз неа со мала лажица нанесете од мармаладот. Печете на 180 степени 25 минути.

Уште додека е топла попрскајте со прав шеќер.
Колачот е одличен за доручек.
Добар апетит.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови