Пенесто се мати маргаринот, во него се додава шеќерот во прав, медот и оревите. Сето тоа убаво се соединува за да на крај се додаде и брашното.
Од добиената смеса се прават топчиња и секое се вдлабнува на средина, за да во таа вдлабнатина да се стави мармалад. Мармаладот може да биде по ваша желба, само подобро е да биде некој со потемна боја за да дојде до израз.
Се редат во тавче обложено со хартија за печење.
Се печат на 170 степени околу 18 минути, всушност додека да зарумени долниот дел од колачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови