Вкусно и одлично за со чаша топло млекце во овие ладни утра. :)

Во садот кој ќе се меси се става брашното,  се додава солта, се прави вдлабнатинка и тука се активира квасецот со 1 лажиче шеќер и малку од млекото.
Јајцата се разматуваат со вилушка, се додаваат шеќерите и се убаво се меша.
Штом се активирал квасецот ги додаваме јајцата со шеќерите, маслото и со додавање на млекото замесуваме средно меко тесто кое не се лепи на дланки. Тестото треба убаво да се измеси едно 15 на минути. Го премачкуваме со масло, покриваме со најлонска фолија и уште некоја *покривка* и го оставаме на топло да го дуплира волуменот. Да напоменам дека овој процес е бавен, најмалку 2 часа.
Потоа тестото го истресуваме на намрсена работна површина, го расплескуваме со дланките, го додаваме сувото грозје, кратко го премесуваме. Го делиме на два дела.
Од секој дел правиме по три топчиња.
Секое топче го обликоваме во ваљак. Ги оставаме малку колку да се опуштат.
Уште малку ги издолжуваме и ги плетиме во плетенки. Од ова количина две плетенки.
Ги ставаме во правоаголни намрсени калапи со малку маргарин. Можи и во форма за куглоф.
Оставаме повторно да надојдат убаво, пак околу 2 часа.
Пред печење премачкуваме со благо разматена белка и наросуваме со кристален шеќер.
Ги печеме на 150 степени околу 50-60мин., (зависно од вашата рерна) во претходно загреана рерна.
После печење ги премачкуваме со малку путерче или маргаринче.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани