Квасецот растворете го во дел од млекото. Додадете една лажица брашно и половина лажица шеќер и осатвете да стаса.
Во еден длабок сад ставете ги јајцата, шеќерот, кората од лимон, анисот, млекото и стопениот путер. Откако квасецот ќе стаса и него додадете го во садот. На крај ставете го и брашното. Матете со миксер со спиралните маталки околу 10-тина минути или додека тестото добие светла боја. Доколку сакате козињакот да биде со суво грозје, тогаш додадете го минута-две пред крајот на матењето. Тестото треба да е меко и лепливо. Покријте со крпа и оставете да стасува се додека го дуплира волуменот.
Работната маса набрашнете ја. Истурете го тестото, натурете малку брашно и врз него и кратко премесете го. Поделете го на два дела и секој дел поделете го на онолку дела со колку прачки ќе ги плетите козињаците. Јас едната плетенка ја направив од шест прачки, а другата од пет.
Префрлете ги плетенките во плех на хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете да стасуваат. Откако убаво стасале, премачкајте ги со матено јајце во кое сте додале 2 лажици млака вода и по желба наросете со шеќер, сусам и црн сусам. Се печат на 190 степени во претходно загреана рерна околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани