Ова јадење го припремав во диеталниот сад од Делимано, затоа ми беше потребно малку зејтин. Вие ако го спремате во друг сад додадете по желба количина.

Најпрвин ги провриваме печурките со малку сол и оцет, околу 5 минути, а и не мора. Ги сецкаме на половинки. Исто и кромидот на тенки долги парченца, а компирите на коцки. Го запржуваме малку кромидот, ги додаваме печурките и зачините. Пржиме десетина минути и тргаме настрана од оганот. Ги редиме компирите, врз нив исецканиот лук на кругчиња го распоредуваме на секаде. Полеваме со дел од водата и ставаме на ринглата да се динста без мешање на тивок оган. Повремено додаваме по малку од водата. Динстаме околу 45 минути.

Ги матиме јајцата заедно со павлаката, полеваме одозгора, посипуваме оригано. Садот го затвараме и динстаме уште десетина минути, додека да се подпече преливот.
Сечеме на парчиња и севираме, одозгора полеваме со кечап.
Ова јадење ни се допадна многу, се надевам и на вас. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани