Рецептот за овие прекрасни кифлички е на Верче од Битола.
Таа вели дека се најмеките кифли кои ги спремала, а јас ќе додадам дека се совршени.
Меки и наредниот ден како тогаш печени.
Прво во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Убаво се промешува и нека се активира квасецот, едно 10 минути.
Потоа постепено се додаваат останатите состојки и се замесува средно тесто.
Се покрива со чиста крпа и кисни на топло околу 30 минути.
Втасаното тесто се дели на 4 топки.
Секое се расукува во коричка. Се премачкува со кисела павлака.
Се сече на 8 триаголници. На почетокот на триаголникот се става фил од урда и јајце.
Краевите се завиткуваат на внатре, како на дополнителната слика, за да не излези филот при печење и се формира кифла.
Се редат во плех и киснат 20 минути. Се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам.
Се печат 25 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани