Рецептот го најдов случајно на една страна, многу одамна беше ама го зачував за проба. Не ми беше нешто многу верен ама решив да пробам, па што биде-биде.
Е бидејќи како ново *откритие* барем за мене, решив да го објавам како мој 100-ти рецепт.
Компирот се вари, се гмечи со вилушка и се остава да излади. Ренданото сирење се додава заедно со брашното во изладениот компир. Се замесува тесто. Ако тестото ви е лепливо се додава брашно.
Расукајте ја кората во округла форма и сечете триаголни парчиња (како за соленки)
Јас не сакав да бидат празни, па им ставив по малку кашкавал внатре.
По рецептот кифлите се пржат, ама може и да се печат. Јас се одлучив за втората варијанта. Одозгора ставив малку рендан пармезан измешан со 1 лажиче сусам и малку чиа семе.
Се печат 15 мин. на 200 степени.
Инаку од оваа смеса ми излегоа околу 10-тина кифли-за проба. Наредниот пат дупла доза. Превкусни беа, јас успеав само 1 парче и половинка од синчето што му остана да пробам. Важно децата се најадија. хахаха

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови