Превкусни кифлички за секоја пригода.
1. Квасецот се топи во млекото и јогуртот, се додава маслото и потоа се меси тесто и се дели на два дела.
2. Од секој дел се прават 8 мали топчиња од кои се прават мали губчиња и се редат едно над друго а помеѓу нив се става од замрзнат рендан маргарин.
3. Се сучи една голема и се сечи на 32 дела (за помали кифлиња толку, а за поголеми кифлиња на помалку дела).
4. Се виткаат кифличките и се оставаат 2 часа во фрижидер.
5. Пред печење се мачкаат со јајце.
6. Одозгора се реди и сусам, сол, ким .. се по желба.
Се печат во загреана рерна на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови