Не датира многу одамна внесуваето на кинеската храна во нашето мени, (3-4 години) истата ќе остане бидејки полусировиот и крцкав зеленчук го сакаме, ни се допадна. Услов за крцкав зеленчук е да зејтинот биде доста загреан и кратко пржење.
 
- Исечете ја зелката (подобра варијанта е кинеската зелка) на долги тенки стапчиња, оставете настрана,
- Исечете го исто така морковот на долги, тенки стапчиња и тргнете настрана.
- Исечете ги цветчињата од стеблото на брокулата, дебелиот ден излупете го и него исто така исечете го на тенки стапчиња.
- Кромидот сечете го и белиот дел и перцата во косина.
1. Ставете ги за кратко да се избланшираат на пареа цветчињата од брокулата, внимавајте на времето да не омекне, треба да остане крцкава и со убава зелена боја. Ако немате сип сад - тогаш најобично на решетка ставете ги цветовите, ставете врз тенџере во кое врие вода, поклопете со капак, нека кратко се бланшира.
2. Во Вок тавата или подлабока касерола ставете доволно зејтин (колку еден прст висина од дното на садот) дозоволете да се доволно загрее, просто да цврцка... истурете ја зелката (бидејки е во поголема количина тоа направете го во две тури). Веднаш додадете соја сос, малку посолете. Таа брзо ќе овене. Веднаш ја истурате во цедилка која сте ја ставила над друг подлабок сад за да се цеди мрснотијата која е во неа.
- Истото направете го и со морковот кој не бара толку зејтин. Не заборавајте дека на секој зеленчук се додава по малку од соја сосот.
Откако ќе се обработи секој зеленчук префрлајте го цедалката каде што е зелката, оставете нека се цеди.
- Најпосле се пржи месото во кое исто така ќе додадете малку соја сос, посолете малку, испржено ставете го и него во цедалката.
Оставете да се се добро исцеди и истовремено олади.
Откако е оладено истурете во поголем сад, додадете ги бланшираните цветчиња од брокулата, сето тоа измешајте го. Пробајте за сол, ако не ви е солено, досолете, но пак ќе речам не многу бидејки нив ги дружи сосот кој ги надополнува овие ролнички за вкус на сол.
МОТАЊЕ
Вообичаено се мотаат така што од исечената кора ќе направите при преклопувањето откако сте го ставиле филот ќе направите форма на плик и ќе продолжите да мотате, но ништо не ја менува ниту формата ниту изгледот ако мотате вообичаено како сармите. Значи, еве како јас ги смотав.
- Земете еден дел од корите, свртете ги со подолгата страна накај вас, исечете ги на половина.
- На секое парче кора одкај кратката страна ставете по една преполна лажица од филот, оставете ги празни страните од кората, распоредете филот и преклопете ги страниците, потоа мотајте. На крајот со четка премачкајте ја кората со вода за да се истата залепи. Така продолжете се додека има фил.
- Во касерола ставете зејтин (околу два прста покриено дно ) нека се добро загрее и ставајте ги веќе спремените ролнички да се пржат. Температурата на зејтинот треба да биде толку јака што додека ги ставите сите ролнички. Првата веќе треба да ја превртите да се пржи од другата страна. Само едно превртување на истите треба да биде доволно за да истите се извадат на жица или салвета да се исцеди или впие вишетокот од зејтинот.
СОС
- Измешајте ги сите состојки за сосот, дотерајте си го по ваш вкус бидејки сите Соја сосови не се исти.
НАПОМЕНА
Доколку користите маринирани печурки, тогаш соја сос не додавајте во нив туку само осолете и лесно препржете ги. Најдобро е да има Шитаке, но одлична замена е и Шампињонот или миксот на печурки.
- Кога и да ги правам јас филот го спремам одвечер, а наредниот ден ги мотам и пржам.
- Ако немате кори за пита (како јас во овој случај) ќе послужат и корите за баклава. Денес јас мотав во по два листа од корите бидејки ми се прозираше филот, а тоа не сакав да го постигнам. Ми се гледаа веќе многу кори, па да не ми останат.
Бидејки излегуваат многу ролнички, можете да количински ги намалувате состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани