1. Подготовка за пандишпанот
Белките се матат во цврст снег со прстофат сол (почнувајки со минимална брзина на миксерот, додека запенат, а потоа постепено се зголемува брзината до најсилно).Кога сме добиле густа пена од белките, постепено им се додава шеќерот и се мати додека се добие густ и цврст шам и не се стопи шеќерот. Показател за тоа ни е кога садот во кој матиме го превртиме наопаку, а белката не паѓа или пак можи да се сечи со нож. На крај се додава со лесно промешување, со движења на лопатката од дното на садот према горе (претходно просеаните) брашно и пециво и оревчињата (се заедно помешано).
Убаво изедначената смеса се истура врз претходно распоредените оревчиња на малку намрсена хартијата во плехот. Се печи на 180 Ц.степени 30 мин., во претходно загреана рерна 5 мин. на 200Ц. степени. ( или кој како си печи во зависност од шпоретот).

2. Испечената и малку оладената кора, со страна на која се оревчињата (да биде нагоре), се премачкува со еурокремот. Се сечи на три дела и се остава да излади.

3. Подготовката на филот
750 мл. се зовриваат со шеќерот, а настрана во остатокот од млекото се раствораат пудинзите, нишестето, се додаваат и изматените жолчки, се убаво се изедначува ( јас тоа го правам со миксер), и се додава во зовриеното млеко, се намалува т. на ринглата, да биде умерена и со постојано мешање ( со лажица или жица за матење) се вари кремот до потребната густина.Кога тргам од оган уште еднаш убаво промешувам со миксерот.
Пенасто се мати маргаринот и му се додава лажица по лажица од изладениот крем, но не сосема, да биде млак.Убаво се соединува со миксер.
Готовиот фил се дели на два дела и тоа во едниот се додава 100гр. стопено и малку подизладено црно чоколадо, а во другиот 100гр. бело.. Убаво се миксираат уште еднаш филовоте...

4. Финалната постапка
Над кората премачкана со еурокрем, се нанесува од жолтиот фил, па се редат бисквитите потопени во топло млеко (по желба можи и  инстант кафе да се додади), па темниот фил... Постапката ја повторив уште еднаш, а третиот дел на кората, го преполовив и исфиловав на истиот начин, но настрана бидејки ќе ми дојдеше многу висока тортата. Добиваме ПЛУС парчиња.

5. За преливот
На тивок оган споив 150 гр. црно чоколадо со 100мл. слатка павлака, со постојано мешање, без да проврие. Постапката ја повторив и со белото само ставив 100гр. чоколадо со 50 мл. слатка павлака ( бидејки белото е послабо по конзистенција кога ќе се растопи). Можи над пареа да се растопи искршеното чоколадо, па да му се додади загреаната павлака (до точка на вриење) и убаво да се изедначи смесата. Се остава малку да здивни и се полева тортата одозгора, а одма после и со белиот прелив и со помош на чепкалка се прават брановите.
Странично се премачкува со изматениот шлаг крем и се посипува со мелени оревчиња или декорирајте по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани