Крцкави, вкусни.... интересни,
Подготовка
- Состојките да се на со собна температура -
- Сите состојки освен сецканите кикирики се мешаат и се замесува тесто. На самиот крај додадете и домесете со нив.
- Тестото поделете го на еднакви парчиња од кои ке формирате топчиња, наредете во тавата врз хартија за печење.
- Со вилушка секое парче налегнете го еднаш со вилушка и втор пат повторно но во спротивниот правец налегнете. При секое налегнување вилушката брцнете ја во шеќер.
- Печете на 170 степени - готови се кога одоздола ќе видите дека работ им се заруменил.

НАПОМЕНА
- Бидејки тестото е меко оставете го некое време во фрижидер за да се стегне и така ќе можете полесно понатаму да ги оформувате.
- Пожелно е големината на топчињата да е околу 15 гр.
- Редете ги на оддалеченост бидејки се разлеваат - тоа не треба да ве грижи.
- Испечени извадете ја тавата и оставете да се сосема оладат бидејки се ронливи - ако ги вадите топли ќе нема да можете цели да ги извадите, ќе ви се сронат.
- Оладени можете да ги глазирате со глазура од бело и црно чоколадо, но не мора.
- Не случајно ја кажав тежината на едно колаче, јас денеска сакав да избегнам да не печам во повеке тави, па така наместо симпатичните мали колачиња.. ми испаднаа големи - но на мене ништо не ми смета, окото заборава што видело кога непцето го сети вкусот.
- Колачиња вкусни и мирисни, за празниците кои наближуваат се одличен предлог.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани