Едно лесно, брзо, вкусно зимско јадење.
Сувите пиперки, ставете ги во зовриена вода да омекнат. Потоа исцедете ги, исчистете ги од семките и исечете ги на помали парчиња.
Јајцата со малку сол имешајте ги со вилушка.
На загреана тава со сосема малку масло пропржете ги пршките колку да пуштат маст и потоа додајте ги пиперките. Мешајте ги и пржете ги зедно 2-3 минути да се изедначат вкусовите. На крај додајте ги јајцата и мешајте додека и тие се испржат.
Послужете ги одма, топли со лепче, сирење, јогурт....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани