Најпрво го лупиме компирот, потоа го сечеме на кругови со средна дебелина.
Во поголемо тенџере ставаме вода и го вариме компирот околу 15-20 минути, зависно од дебелината на компирите. Не треба многу да омекне, бидејќи подоцна ќе се пече.
Во меѓувреме, во сад ги матиме двете јајца, потоа ги додаваме павлаката, пармезанот и поголемиот дел од шунката (додека еден мал дел од шунката оставаме на страна). Целата смеса добро ја промешуваме, а потоа малку посолуваме.
Во тавче ставаме малку масло и го пржиме кромидот исецкан, па откако кромидот ќе омекне, го додаваме малиот дел од шунката што прехтодно го тргнавме настрана. Пржиме неколку минути.
Земаме тава со средна големина, ја премачкуваме со путер (или масло за јадење), во тавата ги редиме компирите (претходно исцедени).
Ги преливаме компирите со маслото и шунката, а потоа и со смесата со павлака.
Полека промештајте, за да компирите ја впијат смесата.
Врз компирите се става малку магоднос и оригано (по желба).
Вака подготвената смеса се става во загреана рерна на 200 степени и на оваа температура се пече 15-тина минути, а потоа се намалува температурата.
Привремено проверувајте со вилушка дали компирот е доволно мек. Печеме додека омекне доволно.

Бон апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови