Ставете ја млаката вода во подлабок сад. Потоа додадете го шеќерот, маџунот и маслото со постојано мешање со дрвена лажица или жица за матење. Наместо маџун може да употребите слатко (може и претходно да го изблендирате), мармалад, џем или домашен овошен сируп. По желба може да додадете дел од претходно исецканите ореви во смесата. Потоа постепено додавајте го брашното, па на крај додадете ја и содата. Смесата ставете ја во премачкана и набрашнета тава (број 30 или 28 за мерење со шолја од 250мл). Одозгора наросете ја со сецкани ореви, а по желба може да додадете и сусам. Се пече околу 30-тина мин на 180-200 степени. Со дрвена чепкалка може да проверите дали раванијата е печена така што ќе боцнете во тестото. Ако чепкалката не се залепи со тесто тогаш раванијата е готова.
Шолја - 250мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови