Многу вкусни, ароматични крекери.
Пробајте ги.
Во млакиот сварен и испасиран компир се додава путерот и убаво се промешува.
Потоа во вангличка се ставаат сите состојки за тесто и убаво се изработува со рака.
Нека одстои тестото 15 минути да одмори.
Потоа се сучи кора, се вадат форми ѕвезди. Во средината се прави мала округла форма.
Јас го користев најмалиот дел од шприц за украсување на торти.
Се редат во плех, се премачкуваат со жолчка, се наросува сончоглед и се печат околу 25 минути на 180 степени.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови