Шеќерот и водата да вријат 3-4 минути. Потоа се трга од оган и се додава маргаринот , па чоколадото, да се стопат и на крај, останатите состојки. Убаво се меша смесата и од неа се земаат малечки парченца кои ги обликуваме овално а одозгора со чепкалка правиме рез за да изгледаат како зрна кафе.
Се оставаат да се здрват и потоа се макаат во глазура од 100 гр чоколадо стопено со 3 лажици масло на тивок оган. Ги вадиме со вилушка и ги поставуваме на целофан да се здрви преливот, и уште еднаш ги поминуваме зарезите со чепкалката, потоа ги редиме на чинија. а предходно може и во хартиени корпиња. Другиот ден се уште послатки за дегустирање.
Сладок апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови