Прво се мешаат сувите состојки, се додава маслото и полека се налева водата додека замесуваме. Се меси убаво тесто, со средна мекост и се остава петнаесетина минути да одмори. Потоа од тестото се вадат топчиња со средна големина, кои се делат на два дела - едниот дел треба да содржи 12, вториот дел 11 топчиња. Секое топче се раскукува на тенко. За долната кора ги расукуваме 12те топчиња. Потоа ги редиме едно над друго, а меѓу секое размачкуваме маргарин. Најгорното расукано топче не го премачкуваме со маргарин. Така наредените парчиња ги расукуваме во поголема кора (со сакана големина). Оваа кора ја ставаме во претходно намрсен плех и филуваме со обарен праз со малку сол и малку масло и сирење. И втората кора која содржи 11 топчиња се изработува на истиот начин како првата. Ја расукуваме убаво и ја ставаме врз филот, па ја премачкуваме со маргарин, го оставаме зелникот 3-5 минути да одмори и го ставаме да се пече. Рерната ја загреваме на 250 степени, а кога ќе го ставиме зелникот да се пече ја намалуваме на 180 степени и ја затвораме. Печеме 20-25 минути (или додека зелничето не порумени).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови