Еве една моја варијанта на затворени пици.

1. Се замесува тестото на меко, со сите состојки пишани во состав, вклучувајќи го и ориганото, кое во овој случај го ставаме во тестото. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Исчистеното лукче, со сол го толчиме убаво, па го мешаме со павлаката и мајонезот и зачинуваме со бибер.
3. Тестото го размесуваме, правиме кора со дебелина од 7-8 мм. Со калап или некој соодветен сад, правиме кругови кои ги премачкуваме односно ставаме по половина лажичка од филот со лук.
4. Потоа ги полниме со лист печурка, каре или шунка, рендан кашкавал (може и парче) и половина шери домат. Го преклопуваме секое кругче и добро на краевите го затвораме.
5. Печеме во намрсено тавче или обложено со хартија за печење, во загреана рерна на 200 степени.
6. Откако ќе се зацрвенат ги вадиме и ги премачкуваме веднаш со путер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани