- Најпрвин подварете го малку оризот, исцедете од водата и оставете настрана,
- Шунката исечете ја на коцки или лентички, кашкавалот на едрата страна од рендето изрендајте го, тиквичката исечете ја на кругови.
- Во тавка на маслото ставете да го пржите кромидот и лукот за кратко. Додадете го исчистениот спанаќ или блитва, кратко пропржете. Додадете ги магдоносот и копарот и тргнете настрана.
- Во сад измешајте ги заедно оризот, испржените кромид, лук и спанаќ или блитва, додадете ја шунката, тиквичката, павлаката и јајцата - овкусете.
- Подмачкајте и ставете хартија за печење во модлата во која ќе ја спремите запеченицата. Префрлете ја целата смеса, со лажица израмнете налегајки, ставете во рерна на 200 степени да се печи околу 20 мин,

Напомена
- Нема значение дали ќе ставите кисела или течна неутрална павлака, секако е вкусно и затоа не мислете доколку имате кисела павлака да ја ставите неа.
- Оваа запеканка освен што е одличен прилог кон месо, можете да ја послужите и како самостално јадење со прилог од млечен сос со лук.
- Јас ја послужив со пикантните пиперчиња во млечниот сос... одлично.
Бон Апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани