Коцката квасец се растопува со малку вода, откога ќе се растопи се истура во поголем сад се додава водата, шеќерот, лимонтусот и се меша додека се растопи шеќерот.
Лимоните ги рендам, а доколку имате блендер ги блендирате. Се додаваат во водата и се меша убаво.
Се остава 4 часа да стои, потоа се цеди и се собира во шишиња се чува во фрижидер. Одличен е откога ќе се излади убаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови