Мармалад со прекрасна боја и убав вкус.
Спојот на аронија и боровинка-одличен.
Некако аронијата ми е сува, со малку опорит вкус, но вака надополнета со убава боровинка, со лимонов сок и ванила, краен ефект одличен.
Со парче леб намачкано со путер и имате убав појадок.

Кратко за корисните својства на аронијата.
Аронијата помага за подобра циркулација во крвните садови на главата, го регулира излачувањето на тироидните хормони,го намалува високиот крвен притисок, шеќерот во крвта,го забрзува излачувањето на тешките метали како и некои радиоактивни елементи во телото.
Со еден збор Аронијата е најголем антиоксиданс, витаминска бомба, рудник на минерали.
Боровинката е многу вкусно и лековито овошје. Таа содржи малку калории, но е права ризница на здрави и лековити состојки. Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини....

Начин на подготовка.
Во тенџере се реди ред шеќер, ред од овошјето.
Се додава ванилата и лимонот.
Нека одстои така еден час.
потоа на тивок оган се вари.
После 10 минути се поминува со стапчест миксер, за да се добие мазна смеса, но не е неопходно, доколку останат зрна и така е убаво.
Се вари од прилика околу 25 минути.
Но сепак направете си тест за готов мармалад.
Тест -  се става во комора мало тајнирче од кафе една минута.
Потоа се вади од комората, се става едно лажиче од мармаладот, со лажичето се прави пат во мармаладот и ако не се соединат тоа значи дека е готов.
Не треба повеќе да се вари, бидејќи ќе биде прегуст.
А ако е тенок, варете уште некоја минута.
Жешкиот мармалад се збира во жешки теглички.
Може да се користи самостојно, за палачинки, за колачи, за кифлички....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани