Денес спремав палачинки и добив идеа за овие многу декоративни ролати, па еве ги споделувам со вас, можеби некому ќе му послужи овој рецепт.

Прво на вообичаен начин се спрема смесата за палачинки.
Јас половина од смесата ја користев за нормални бледо жолти палачинки, ги пржев во Делимано тава за палачинки.
Во половината од смесата додадов црвен пипер и добив портокалова боја.
Ги испржив и портокаловите палачинки.
Формирав ролати на сл. начин.
Прво се зема жолта палачинка, се премачкува со кисела павлака, се ставаат просушени на крпа бланширани листови спанаќ.
Врз спанаќот пак се нанесува кисела павлака.
Или може да се премачка една портокалова палачинка и да се стави со страна на павлаката врз спанаќот.
Повторно врз портокаловата палачинка се премачкува павлака и се ставаат листови кашкавал.
Убаво се завиткува во ролат, се стега во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер околу 30 минути.
Постапката сега е обратна.
Прво премачкав портокалова палачинка, па павлака, па спанаќ, па павлака, па жолта палачинка, па павлака, па пилешко филе и виткав ролат.
Значи имав портокалови и жолти ролати.
Од кога ќе се извадат од фрижидер се сечат на косо и се сервираат.

Секако количините можете да ги прилагодите според вашите потреби.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани