Рерната загрејте ја на 200 степени.
Жолчките изматете ги пенесто со шеќерот и путерот. Потоа додадете го млекото и на крај брашното измешано со какаото и содата. Тестото ставете го во тавче (35х20х6см) подмачкано со масло и брашно (по ЦЕЛАТА висина на тавчето) и печете го 20 минути.
Во меѓувреме белките изматете ги со солта во густа пена и постепено дададете го шеќерот. Матете уште 5 минути додека не се добие многу цврст снег.
Тавчето извадете го од рерната и врз тестото намачкајте го џемот па снегот од белки и убаво израмнете. Печете уште 15 минути, за тоа време белките ќе станат како Мачмалоу. Додека се печат ќе се дигнат и веројатно ќе испукаат малку, но се ќе си дојде на место кога ќе се излади колачот.
Потоа исечете го и уживајте.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани