Многу сакам јадења како гулашот или други манџички кои се крчаат подолго време. А, љубовта кон јадења во кои има тестенини, ја носам од незаборавните ручеци во градинка.

Прво, се пржат кромидот, лукчето и пиперката во тавче за пржење со малку масло. Кога ќе омекнат, се додава месото, исечкано на парчиња и се пржи додека да фати боја од сите страни. Кога ќе зарумени, се зачинува по вкус, со сол и бибер, се става една голема лажица црвен пипер и буковец, се меша и се налева вода, околу 1 литар. Се покрива со капак и се остава да се вари околу 30 минути. По 30 минути, се ставаат макароните, се долева со вода, ако има потреба и се остава да се сварат макароните за јадењето да биде готово.
На крај, се става ситно сечкан магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани