Ајде да се гибамеее хехехехе
Гибаница си е гибаница - брзо,лесно, едноставно и за ала минут превкусно јадење.Искрено имам испробано повеќе рецепти за гибаница, но оваа ми е мојата омилена - на мој начин направена хехехе

1.Плехот го премачкуваме со маргарин и потоа врз него ставаме една кора па малку рендано сирење,пршута,шунка и потоа ја ставаме втората кора - така правиме до крај додека не се истрошат сите кори-врз последната кора не ставаме од зајрето

2.Потоа ја сечеме на коцки и го зовриваме маслото,  ја поливаме гибаницата со зовриено масло меѓу пресеците (така ќе се раздвојат малку корите и коцките)

3.Јајцата ги матиме и им ги додаваме млекото и газираната вода, солта ,мешаме уште малку и со таа смеса ја поливаме гибаницата

4.Оставаме да отстои дестина минути да впие и таман додека да се загрее рерната,посипуваме со мнооогу сусам (јас заборавив последно кога ја правев за на фотката и баш ми беше криво)

5.Печеме на 200 степени и потоа намалуваме на 180 додека убаво не се испече и не порумени од долу и од горе

За филот можете да користите што ви душа сака- спанаќ,мелено месо...
Јас претежно ја правам само со сирење така ми е највкусна и баш класична гибаница
И ја правам во оригиналниот плех од рерната,бидејќи убаво си збуфнува, ако ја правите во помало ќе биде повисока

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови