Тука, на МоиРецепти има веќе неколку рецепти за пилешко во кари сос. Ова е мој рецепт и искрено мислам дека ќе ви се допадне на сите вас кои ќе решите да го пробате. Сосот е многу кремаст заради кремот од печурки, а бојата е уникатна заради куркумата. Се на се, ова е еден одличен рецепт заедно со минималистичката декорација која мислам дека треба да ја направите за вас, вашите најблиски или како идеја за романтичен ручек.

Прво, пилешкото исечете го на парчиња и зачинете го со сол и бибер по вкус. Намачкајте го со сенф, ставете малку масло и оставете го да се маринира кратко во фрижидер. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее и на него пропржете ги кромидот и лукчето. Кога ќе омекнат, додадете го месото и пржете со мешање додека да фати боја. По пржете од 10 минути, додадете го карито и куркумата и промешајте. Кремот од печурки растворете го според упатството во ќесичката и прелијте го во тавчето со месото. Гответе го сосот додека да се згусне. Потоа, исклучете од оган и оставете малку да се подолади.

Сервирајте на чинија со сварен ориз, послужете го сосот со пилешкото од страна и декорирајте со малку магдонос и лимон или едноставно по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани