Многу вкусен, брз појадок или вечера.
Нас мајка ми многу често ни го спремаше.
Прво на загреано масло се пропржува кромидот, па се додава меленото месо и се пржи се додека не испари течноста од месото. Се зачинува.
Се редат кори во правоаголна тава, се попрскуваат со по 1 лажица од испрженото месо.
Така се постапува се додека не се истроши целиот материјал.
Се сече на коцки.
Во вангличка се матат јајцата се додаваат маслото, јогуртот и киселата вода.
Се посолува по вкус.
Со оваа смеса се прелева бурекот.
Нека одстои 5 минути, па се печи во заграна релна околу 40 минути на 180 степени.
се сервира со јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани