Здрава варијанта за љубителите на мајонез, за мене нешто највкусно на свет и скоро идентичен вкус како мајонезот со јајца.
Се киснат индиските ореви преку ноќ. Се цедат од водата се ставаат во блендер заедно со сенфот, медот, сокот од лимон, сол, малку масло и вода. Масло и вода се додаваат додека не се добие убава хомогена смеса. Се блендираат повеќе време да се добие мазна смеса. Јас ставив околу 50мл масло и 50мл вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови