Еден комбиниран рецепт за ванилици, највеќе за да не се бунат домашните ради количината на маст =)))
Ова е половина доза, излегуваат отприлика 30тина ванилици во зависност од модличката која ќе ја употребите. Сокот од лимон им дава сосем малку киселкаст вкус, но нас ни се допаднаа и така.
Доколку не сте љубители на маст или немате може да се направат и само со маргарин, вкусни се и така.

1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки и со рацете замесете меко тесто кое не се лепи, па оставете во фрижидер додека се загрева рерната.
2. На малку набрашнета површина развлечете кора со дебелина од 4-5мм па со модличка вадете форми. Наредете ги на плех обложен со хартија и ставете да се печат во загреана рерна. Треба да ви останат бели. Оставете убаво да се изладат, па лепете по две со мармалад и извалкајте во шеќер во прав.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани