Изрендајте ги јаболката и измешајте ги со цимет шеќерот. Доколку немате таков, додадете си цимет по вкус и шеќер по потреба во зависност од тоа колку се благи јаболката.

Плехот од шпоретот обложете го со пек хартија и намастете го (иако не ни мора).
Распоредете ги ренданите јаболка врз хартијата рамномерно.

Јајцата со шеќерот и ванилата убаво и густо изматете ги. Рачно вмешајте ги отанатите состојки мешајќи од долу на горе во еден смер.

Истурете ја смесата во јаболката и печете во загреана рерна на 180С 20-25 мин.

Кога е готов, оставете малку да подизлади за да можите да работите, па превртете го плехот врз платнена салвета и завиткајте го ролатот.

Оставете добро да се олади пред да го сечите. Не бидете ко мене нестрпливи и веднаш уште жежок да го масакрирате ))) Излегуваат убави парчиња откако ќе излади. Мислам дека во дополнителна успеав и на брзина од краевите едно и оладено да сликнам...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови