Едноставна, брза пита со праз.Одличен појадок или вечера.
1. Прво ги матиме јајцата со солта во пенаста маса.
2. Кон матените јајца ги додаваме киселото млеко, зејтинот, брашното и пецивото. Матиме со миксер.
3. На крај ги додаваме ситно сечениот праз и сирењето.М ешаме со лажица. Смесата ја истураме во подмачкана тава и одозгора наросуваме со сусам.
4. Питата ја печеме на 200 степени околу 25 минути.
Чашата со која мерев беше од 200 милилитри. Важно е да се мери со иста чаша, ама ако користите поголема зголемете ја и количината на праз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови