Еве комплетен вкусен ручек спремен на индиски начин.
Иако на Бомбај му е сменето името во Мумбај мене вака повеќе ми се допаѓаше, па така и си го доби името.

1. Лукчињата за маринада ги толчиме, сок од 1 лимон, рендана кора од лимон и сето ова го мешаме со другите состојки. Со маринадата добро измасирајте го пилето и оставете го во еден сад во фрижидер неколку часа.
2. Вториот лимон сварете го малку во вода, прободете го со вилушка на неколку места и ставете го во пилето.
3. Во тавата за печење измешајте ги состојките за сос при што кромидот го сечкаме на тенки парчиња. Може да ставите и стапче од цимет.
4. Ставете го пилето во сосот и печете на 200 степени во загреана рерна околу 80 минути. Додека се пече пилето можете да го прелевате сос сосот, а и да го вртите во тавата. На крајот од печењето ставете неколку листа кориандер така, нафрлени или пак ако немате (како мене) ставете сушен.
5. Компирот излупете го и пресечете го на половинки. Наредете го во тава за печење заедно со доматите сечкани на парчиња, а ако имате шери домати на половинки..
6. Путерот стопете го и измешајте го со маслото и останатите зачини. Прелијте ги компирите и сечканите домати со сосов и добро втрлајте го со рака во компирите. Лукчињата змгечете ги со нож и нафрлајте ги во тавата. Печете на 200 степени.
Вака се спрема пилето во рерна.

Јас пилето овој пат го правев на Делимано апаратот за гиро. Со тоа што на сосот кој беше потребен при печењето му ја намалив течноста и додека пилето се вртеше го премачкував со помош на четка.
Исто така варениот лимон и црвениот кромид ги ставив внатре во пилето.

Забелешка
Кога ќе се испече пилето кожичката изгледа како да е подизгорена, тоа е поради јогуртот што се става во маринадата.
При сервирање можете сосот во кој се печеше пилето да го процедите и да го измешате со малку јогурт, па со него да го прелиете пилето, а и компирите.
Доколку имате користете свежи состојки, јас претежно користев сушени зачини.

п.с. Лудо, те поздрави Џејми Оливер =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани