Оваа брза, непечена, бисквит торта е омилена на мојот дедо, па затоа неговиот 70 роденден го прославивме токму со оваа тортичка, која е превкусна.
Одвојуваме малку од млекото за да ги раствориме пудинзите, а останатото млеко со шеќерот го ставаме на оган. Откако ќе почне да врие ги додаваме пудинзите и вариме додека да се згусти, се трга од оган и се остава да се излади. Откако ќе се олади пудингот, со миксер пенасто го матиме маргаринот и го соединуваме со пудингот. Ги додаваме 5 лажици кокос во кремот и го делиме на два дела. Во едниот дел ги додаваме сецканите крем бананки, а во другиот ги додаваме сецканите желе бомбони.
Бисквитите ги потопуваме во млако млеко и ги редиме по три бисквити во пет реда, нанесуваме од филот со желе, па пак бисквити, па од филот со крем бананки, и на крај пак бисквити.
Шлаг кремот го матиме со млекото и ја декорираме тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови