Растопете го путерот со маслото на тивка температура.
Оревите и фстаците сомелете ги заедно.
Попрскајте една тепсија со масло и ставете еден лист од корите. Кората испрскајте ја со малку путер..
На вториот лист ставете ја смесата од ореви и така до крај. Еден лист со путер еден со смесата од ореви и фстаци.
Се пече на 350Ф-180Ц .
Додека баклавата се пече, направате го сирупот.
Во сад ставете ги шеќерот и водата да зовриат 20 минути.Пред крајот исцедете пола лимон ,една ванила и Ружината вода. Оставете го да се олади.
Баклавата топла се полива со ладниот сируп.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови