Ачмата ми е едно од омилените пецива, па се потрудив да најдам рецепт за неа и да ја правам дома почесто. Ова е оригиналниот рецепт, без додатоци и филови кој го најдов на интернет, само направив мала модификација на состојките за да добијам убаво и меко тесто.

1. Водата се става во длабок сад, се додаваат шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се остава да кисне.

2. Потоа се додава млекото, белката од јајцето, две третини од шолјата масло, солта и убаво се меша.

3. На крај се додава брашното и се меси лепливо и меко тесто.

4. Се остава да кисне.

5. Со остатокот од маслото се мачкаат рацете и од тестото се формираат ѓевречиња во кои може да се ставаат маслинки, сирење, шунка и други додатоци по желба. Се редат на хартија во плех.

6. Се мати жолчката со лажица масло и се премачкуваат ачмите.

7. Се посипуваат со ким, морска сол или сусам.

8. Се печат во рерна загреана на 200 степени додека да се зацрвенат.

Колку повеќе и подолго го месите тестото, толку помеки пецива ќе добиете. Ова е изворно турски рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови