Ова е сокот од моето детство, сега им го направив на моите деца. Штом ќе се направи, веднаш се пие, само кој да чека 3 дена додека стојат портокалите во водата со лимонтузите.

Подготовка
1. Портокалите се мијат убаво и се оставаат да стојат во сад со вода и сода бикарбона најмалку 3 часа.
2. Портокалите се мијат, се сечкаат на кришки и се ставаат во пластичен сад со 1 литар вода и лимонтузите, се покрива со нешто и се остава на ладно да стојат 3 дена, така што за тоа време ќе се намали горчината на кората од портокалите.
3. После 3 дена, ова се претура во поголемо тенџере додавајќи уште 1 литар вода и се остава да врие 25 минути. После се става шеќерот и врие уште 20 минути.
4. Сварената смеса се остава да се излади, а потоа се блендира во блендер или соковник.
5. Изблендираниот концентрат се става во поголем сад во кој се додава уште 5-6 литри вода зависно од тоа кој колку благо сака, се меша сето и се собира во стаклени шишиња, а може и во пластични.

Забелешка
- После собирањето во шишиња, сокот препорачливо е да се чува во фрижидер.
- Според вкусот може да се дотура вода по потреба.
- Ако после блендирањето сокот има грутчиња што зависи од видот на блендерот или соковникот, првин исцедете го сокот, а потоа соберете го во шишиња. Јас не го цедев бидејќи блендирав со нутрибулетот.
- Наместо 1 кг. портокали, може да се прави и со по половина килограм лимон и портокал, или пак само со лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани