Има ли нешто поубаво од топли палачинки со џем од јагоди ?
Се чистат и мијат јагодите, поголемите се сецкаат на помали парчиња, а помалите се оставаат цели. Во тенџере се ставаат ред јагоди, ред шеќер се покрива со капак и се остава да стои преку ноќ.
Во текот на нокта самите јагоди ќе пуштат сок, а шеќерот скоро ќе се стопи.
Течноста се цеди и се става на тивок оган да се вари околу 20тина мин.
Јагодите се преливаат со сокот од 1 лимон. Откако течноста малку ќе се згустни се додаваат јагодите, кората од лимон и ванилите. Се вари уште 15-20мин или додека не омекнат јагодите, а течноста се згустни. Додека е топло се блендира со рачен блендер додека не се добие мазна смеса.
Ако сакате парчиња овошје тогаш не го блендирате. Теглите предходно измиени се ставаат во рерна на 100степени да се стерилизираат. Топлиот џем се собира во топли тегли се затвораат со капак и се превртуваат наопаку 15-20мин.
Од оваа доза излегуваат 3 теглички од 440гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови