Рибизлите исчистете ги од гранчињата со помош на вилушка. Измијте ги убаво под млаз ладна вода.
Ставете ги во тенџере и пуштете на најјак оган да се варат со повремено мешање. Штом испукаат сите бобинки ставете го шеќерот, убаво промешајте, додадете ја мешунката ванила и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие намалете ја температурата на средна. Промешувајте повремено и вадете ја пената која ќе се појави. Џемот не се вари долго, некаде 15 минути му се доволни (види втора слика). За проба, извадете од џемот на тањирче и оставете да се излади. Ако џемот не се разлева кога ќе го навалите тањирчето, тогаш е готов.
Ставајте го врел во стерилизирани тегли, затворете со капаците и превртете ги наопаку да отстојат додека се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани