Превкусен џем од праски подготвен во рерна.

* Праските нектарини по можност да бидат потврди, убаво се мијат, им се отстрануваат семките, се сечат на коцки во пекач или тенџере кое е соодветно за во рерна.
* Се посипуваат со лимонтузот, ванилиниот и обичниот шеќер, се оставаат така 1 час со повремено мешање праските да го впијат шеќерот и да испуштат сок.
* Потоа пекачот/тенџерето се става во рерна загреана на 220 степени 1 час. По тоа време пекачот се вади од рерна, се остава малку да се излади и внимателно се пасира со рачен пасатор.
* Кога се убаво испасирани праските, се враќаат во рерна уште 30 минути да се допече џемот.
* Џемот додека е жежок се собира на стандарден начин во теглички или кога ќе излади може да се стави во пластични садови за храна и да оди во замрзнувач.

ЗАБЕЛЕШКА
Од оваа количина на праски излегуваат 3 помали теглички.
Со оваа количина на шеќер, џемот нам ни е доволно благ.
Зависно од тоа колку џем сакате да направите, дуплирајте или триплирајте ја основната количина.
Ако праските се посочни тогаш џемот може да е малку потечен, во тој случај по желба може да се стави џем фикс согласно упатството за користење. Јас на количина од 3 кг. праски ако проценам дека има потреба, ставам 1 кесичка џем фикс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани